Промотерот за бокс-мечеви Еди Херн потврди дека се започнати преговори околу организирање на нова битка, односно реванш меѓу новиот светски шампион во тешка категорија Енди Роуз јуниор и Ентони Џошуа.
Мексиканецот ноќта меѓу 1 и 2 јуни во „Медисон Сквер гарден“ во Њујорк направи сензација и му го нанесе првиот пораз на британскиот боксер со технички нокаут, по што ги освои појасите во WBA, IBO, IBF и WBF верзиите. Руиз е првиот Мексиканец кој станал светски првак во тешка категорија, а уште посензационално е што тој не требаше да му биде противник на Џошуа.
Како што е познато, во рингот во Њујорк првично требаше да се појави Џарел Милер, но тој доби суспензија откако му беше одземена лиценцата поради допинг, а Руиз стапи на негово место.
Реваншот Џошуа – Руиз би требало да се случи во ноември или декември, а допрва ќе се преговара околу местото каде би се одржала борбата.
After meetings with AJ, Rob Mc and the management team in NY, we have today triggered the contracted rematch clause with Andy Ruiz Jnr. The fight will take place in Nov/Dec at a venue to be confirmed shortly.
— Eddie Hearn (@EddieHearn) June 4, 2019