Во Њујорк се случи една од најголемите сензации во боксот: Имаме нов „крал“ во овој спорт

Мексиканецот Енди Руиз јуниор направи една од најголемите сензации во историјата на боксот, откако во „Медисон Сквер Гарден“ успеа да го победи Ентони Џошуа. Со оваа победа, „дебелкото“ Руиз стана нов светски првак во тешка категорија и ги доби појасите во WBA, IBO, IBF и WBF верзиите.

До овој меч, Џошуа беше непобедлив, но Руиз успеа да го изненади. Интересно е што Руиз воопшто не требаше да биде дел од оваа борба. Тој влезе како замена за суспендираниот Џарел Милер и никој не му даваше големи шанси дека може да го изненади Џошуа. Сепак, 29-годишниот Мексиканец покажа зошто во кариерата има 33 победи и само еден пораз, па со технички нокаут во седмата рунда стигна до неверојатната победа.

 

- Оглас -

Најнови вести