Ќе крпиме на Кипар во средниот ред – Против Ерменија не играат Николов и Спировски

Бобан Николов и Стефан Спировски нема да играат против Ерменија во Никозија во среда поради автоматска суспензија на еден меч што им следи по жолтите картони што ги добија во првото полувреме против Естонија.

Македонија води со 1:0, со голот на Иван Тричковски во 29. минута, но ќе мораме да крпиме во средниот ред против Ерменците на 18. ноември, поради отсуството на Николов и Спировски.

Бобан доби жолт картон во 34. минута и веднаш реагрираше нервозно, бидејќи знаеше дека му следи суспензија од еден меч.

Истото му се случи и на Спировски во последните моменти од првото полувреме, а тој „пожолте“ во 45. минута.

Ова е само дополнјителен хендикеп за нашата репрезентација, бидејќи на Кипар нема да патуваат ниту Пандев, Адеми, Алиоски и Димитриевски, кои и денеска не се на терен на мечот против Естонија.

- Оглас -

Најнови вести