Ќе победат ли Американците со 25 разлика?

Американската кошаркарска репрезентација од 14 часот ќе го игра третиот меч во групната фаза на ЛОИ во Токио. Чешка е ривалот на НБА ѕвездите, а според прогнозите, воопшто не е прашање кој ќе победи, туку со колку разлика на крајот ќе слави селекцијата на САД.

Според границата во Sport Life, Американците треба да победат со барем 25 поени предност. Чешка и САД играа пред две години на Светското првенство, а фаворитот победи со 88:67. Чешка во првото коло го победи Иран со шест разлика, а потоа загуби убедливо со 20 поени од Франција. Американците во првото коло неочекувано загубија од Франција, но потоа со 54 разлика го демолираа Иран.

Без разлика колку ќе победи, САД на крајот ќе биде на второто место во оваа група затоа што Французите утрово славеа против Иран со 79:62 и со максимални три победи се лидери во оваа група. Утрово се одигра и дуелот меѓу Италија и Нигерија, а Аѕурите победија со 80:71 и си обезбедија место во елиминациите.  Во оваа група од 10:20 часот ќе играат Австралија и Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести