Ќе победи ли МЗТ против Спарс со повеќе од 16 поени разлика?

МЗТ Скопје Аеродром од 18 часот против сараевскиот Спарс во „Јане Сандански“ ќе го одигра последниот натпревар во 2019 година и желбата на Штрковите е триумф за крај на оваа календарска година.

Многу показатели најавуваат триумф на македонскиот првак. МЗТ победи во првиот дел од сезоната со 77-65 во Сараево, Спарс е последен на табелата во втората АБА лига само со една победа, МЗТ е втор со 9-3, па затоа тренерот Ѓорѓи Кочов повикува на претпазливост бидејќи победата треба да се заработи на терен.

„Спарс е физички одлично подготвен тим кој многу трча. Нивниот пласман на табелата не е реален во однос на составот што го имаат. Освен еден меч кој го загубија убедливо, сите останатите порази им беа во тесни мечеви кои се одлучуваа во еден напад. Не смее да има опуштање, треба да бидеме подготвени за тежок и исцрпувачки меч“, вели Кочов.

Според квотите во Sport Life, домашните се големи фаворити. „Хендикепот“ е поставен на 15.50 поени разлика, па ако верувате дека МЗТ ќе победи поубедливо или со помала разлика, може и да заработите. Секако, во понудата се и другите типови од мечевите од Евролигата, НБА и другите кошаркарски натпревари.

- Оглас -

Најнови вести