Макаби Тел Авив и Олимпијакос имаат прилика да го валоризираат брејкот што го направија на гостински терен и со победи дома да поведат со 2-1 во своите серии од четвртфиналето на Евролигата, со што би дошле на чекор од пласман на фајналфорот.
Проблемот за Макаби е што не игра во својата сала во Тел Авив, туку домаќин е во Белград и од безбедносни причини на трибините ќе смее да има најмногу 1.000 навивачи. Тоа е нешто што Панатинаикос ќе се обиде да го искористи. Квотите во Sport Life малку го фаворизираат грчкиот тим и ПАО е благ фаворит за победа.
Барселона ја чека вистински пекол во „Мир и пријателство“, Олимпијакос дома нема да сака да го испушти тоа што го стекна како предност со едната победа на гостувањето во Каталонија. На првите два меча во оваа серија победуваше тимот кој постигнуваше 77 поени.
Барса мора да добие барем еден од двата меча во Пиреа ако сака мајсторка на свој терен. Последниот пораз на Олимпијакос дома беше во декември, а Барса во октомври победи на гости против Олимпијакос.
Секако, во Sport Life ве чека и богата понуда на кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе имаат. Тука се и 13-мина играчи на кои може да погодувате колку скокови ќе имаат, а осум поединци се во понудата за број на асистенции.