28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Ќе се памти – 12 ноември е датум забележан со златни букви во македонскиот фудбал (видео)

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да обезбеди место на Светското првенство во Катар и нема да биде дел од елитата. Иако не е дел од планетарниот крем на првиот Мундијал што се игра во ноември и декември, носталгично ќе се сетиме на 12 ноември 2020 година.

Тоа е денот кога Македонија ја победи Грузија во Тбилиси со 1:0, триумф со кој обезбедивме пласман на првото европско првенство.

Горан Пандев го постигна “златниот” гол кој ја даде визата за место на континенталниот собир. Се надеваме дека во скора иднина ќе имаме и други “златни” датуми благодарение на успесите на фудбалската селекција.

- Оглас -

Најнови вести