Француските клубови имаат многу лош биланс во финалните дуели од Лигата на шампионите и поранешнниот Куп на европски шампиони, но има еден друг податок кој треба да го радува Пари Сен Жермен пред финалето со Интер.
На 31 мај во Минхен ќе се игра финалниот натпревар од Лигата на шампионите за сезоната 2024/25. Парискиот клуб никогаш не бил европски првак и ќе се обиде да влезе во историјата.
Од седум финалиња, француските тимови победиле само еднаш, а дури шестпати губеле. Еден од тие порази беше и на ПСЖ во 2020 година.
Единствен тим од Франција кој ја освоил ЛШ е Олимпик Марсеј. Марсеј во финалето пред 32 години го победи Милан со 1-0 во финалниот натпревар кој се играше во Минхен. Добро за ПСЖ е дека и годинава финалето е во Минхен, а ривал ќе им биде тим од Милано. Стадионот и името на противникот се други, но историјата може да се повтори ако Светците го совладаат Интер.