Новото коло од сè попопуларната и бесплатна игра на Спорт Манија, Спортската прогноза од денеска е во тек, а на 13 основни фудбалски парови, плус две резерви можете да типувате од денеска до сабота.
Наградите се привлечни, главната е мобилен телефон „iPhone XS“, а веднаш до него е и „Samsung Galaxy A6 2018“.
Има и ваучери од 500 и од 200 денари што ги доделуваат обложувалниците на Sport Life, потоа и вредни награди за првопласираните во Генералниот пласман.
И во ова коло го очекуваме првиот учесник што ќе ја мине стотката во Генерален пласман во првото издание на Спортската прогноза. Моментно на врвот се две дами, Вецка Ѓорѓиева и Весна Пачемска со по 93 поени, а зад нив е трио учесници со по 92 поени, па се очекува да го имаме и првиот што ќе ја мине магичната граница од 100 поени.
Има и интересни натпревари, на ред е дербито во Италија меѓу Интер и Рома, Енис Барди и неговиот Леванте ќе бијат веројатно и клучна битка за опстанок против Еспањол, а во слична ситуација е и Елиф Елмас со Фенербахче како гостин на Аланија.
Колото започнува со дуел во Калчото меѓу Удинезе и Сасуоло, меч што ќе се игра во сабота, од 15.30 часот. Дотогаш можете да го одиграте новото издание на Спортската прогноза со 13 интересни двојки и два резервни пара, кои се сметаат во играта за Генерален пласман.