Ќе треба да се одвои богатство: Арсенал ги поскапува и онака скапите годишни билети

Фудбалот веќе на големо е влезен во бизнис-сферата, а последен е примерот на Арсенал, кој дополнително ги зголеми цените на годишните влезници.

Тимот од Лондон и онака имаше највисоки сезонски билети во Премиер лигата а почетната цена за натпреварите од Премиер лигата изнесуваше околу 1.050 евра, додека со зголемувањето тие сега ќе достигнат од речиси 1.200 евра.

Фановите на овој тим веќе со години наназад ги плаќаат најскапите билети во светот на фудбалот, а само за споредба, навивачите на Ливерпул плаќаат „само“ 820 евра за сезонски билет на „Енфилд“.

- Оглас -

Најнови вести