Макс Ферстапен денес ќе се обиде на својата домашна трка за ГН на Холандија да стигне до деветтата победа по ред, односно вкупно 12-та оваа сезона за него. Тој тргнува од пол-позицијата и е апсолутен фаворит за победа и според квотите во Sport Life.
Најголеми шанси да го загрозат имаат Ландо Норис од Мекларен кој ќе трге од првиот ред, но од втората позиција, и Џорџ Расел кој ќе стартува од третата позиција. Во квартетот возачи со најголеми шанси за победа е и клупскиот колега на Ферстапен од Ред Бул, Серџо Перес, кој ќе стартува дури од седмата позиција.
Сличен е распоредот на силите и во понудата за пласман на подиумот. Речиси нема дилеми дека Ферстапен ќе биде помеѓу првите три возачи, а најголеми шанси да му прават друштво на доделувањето на пехарите имаат Норис, Расел и Перес.