Реакциите и коментарите не стивнуваат по двата инциденти меѓу Томас Тухел и Антонио Конте, кои беа повеќе вербално, но и жестоки вчера на лондонското дерби меѓу Челзи и Тотенхем, што заврши нерешено 2:2.
И двајцата тренери покажуваа мускули, па конечно по втората закачка по мечот добија и црвени картони.
Сега на социјалните мрежи има и сеир и дури и се најавува боксерски дуел во стандарден стил со графика која покажува кој колку години има, висина, тежина, победи и порази во кариерата…
https://twitter.com/ODDSbible/status/1558895864659283968?s=20&t=T26tKm9eTgK36uDMeKs3Gw
Дури има и коефициенти за победа во англиски стил, а целата графика изгледа симпатично и ќе ве насмее, особено со податокот кој колку пати пресадил коса.