На Еурофарм Пелистер не му се даваат речиси никакви шанси за победа на вечерашното гостување (20.45 часот) кај данскиот Алборг во ракометната Лига на шампиони, па предизвикот за обложувачите е да погодат со колкава разлика ќе биде поразот на битолчани.
Основната хендикеп граница во Sport Life е на 10.5 голови, но има и други опции кои може да ги искористите, како на пример дека поразот ќе биде со повеќе од 12 или со помалку од 8 гола разлика. Секако, тука се и игрите на број на голови на крајот и на полувреме, број на голови на секој тим одделно, итн.
Што се однесува до индивудуалците, за трите денешни меча има 18-мина ракометари во понудата, од кои шест (по тројца од секој тим) за Алборг – Е. Пелистер.
Инаку во првото коло Алборг славеше на гости против силниот Кјелце, а Пелистерци убедливо загубија дома од Колстад, затоа и македонскиот првак е аутсајдер пред вечерашното гостување.