Кејн: Ако не го освоиме Европското првенство, ќе бидеме многу разочарани

Капитенот на Англија, Хари Кејн, изјави дека Англичаните имаат големи шанси да го освојат Европското првенство. Според него, за „Трите лава“ ништо друго освен трофејот во Германија нема да се смета за доволно добро постигнување.

„Сите сакаме да бидеме запаметени по победа на голем турнир во дресот на Англија, не само по добро одиграни турнири,“ изјави напаѓачот на Баерн Минхен.
„Ако не победиме, ќе бидеме разочарани,“ додаде тој.

„Колку и да сме немале среќа и да сме испаѓале на пенали, навистина сакаме да почнеме да победуваме како национален тим, бидејќи сме ги направиле сите важни чекори до овој момент. Ќе биде тешко, го знаеме тоа, но подготвени сме за предизвикот,“ рече Кејн.

Ако Хари Кејн започне како стартер против Србија, како што се очекува, тој ќе го одигра својот 23. натпревар на големо првенство за Англија и за него тоа ќе биде 12-ти натпревар на Европско првенство, со што ќе биде рекордер во англискиот тим.

„Не е лесно да играш за Англија, уште потешко е на големите турнири. Горд сум на моите постигнувања, бидејќи тоа покажува постојаност, работна етика и професионализам“, истакна Кејн.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести