9.8 C
Skopje
сабота, 6 декември 2025

Кејн е бомбардер, ја испрати топката во мрежа со брзина од 128 километри на час (Видео)

Баерн Минхен продолжува со мелење на противниците во Бундеслигата, денеска Баварците како гости со 5-0 го прегазија Штутгарт, а централна фигура беше Хари Кејн кој во периодот од 66-та до 88-ма минута постигна три гола.

При својот прв гол со кој зголеми на 2-0 во тој момент, Кејн ја шутна топката со брзина од 128 километри на час.

После 13 кола, Баерн има 37 од можните 39 бодови, а тимот на тренерот Венсан Компани постигна дури 49 голови што е неверојатен просек од 3,76 гола по меч.

- Оглас -

Најнови вести