Кејн е на чекор до преселба во Минхен, Баерн сега нуди само пет милиони евра помалку од тоа што го бара Леви

Управата на Баерн Минхен на вчерашната рунда преговори која траела до доцна во ноќта со претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, достави четврта понуда за Хари Кејн.

Овој пат понудата изнесува 110 милиони евра и сè поизвесно е дека капитенот на Тотенхем и на англиската репрезентација во новата сезона ќе настапува во Бундеслигата.

Според „Скај спортс“, двете страни се блиску до договор бидејќи последната понуда на Баерн е само пет милиони евра помала од тоа што го бара Леви и е најавено дека денеска ќе продолжат преговорите.

Кејн веќе ги договори личните услови со Баерн Минхен, но вчера им упати ултиматум на двата тима да се договорат до петок, во спротивно ако игра против Брентфорд во првото коло од Премиер лигата в недела, тогаш ќе остане во Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести