Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн, им порача на челниците на Петлите дека сака трансфер само во еден тим, во Манчестер јунајтед.
Кејн има договор со Тотенхем до крајот на следната сезона, а во неколку наврати изјави дека сака да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“и трансферот најверојанто ќе се случи летово.
Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, одбива да го продаде Кејн на конкурентите од Премиер лигата, а отштетата која ја бара за екипите надвор од Англија изнесува 120 милиони евра.
Управата на Јунајтед, пак, нема намера да плаќа толку голема сума за играч кому договорот му истекува идното лето.
Според англиските медиуми, Кејн планира во наредните денови на има средба со Леви, на која ќе се обиде да го убеди да ја намали отштетата на 90 милиони евра и да ја прифати понудата на Манчестер јунајтед ако пристигне.
Адутот во ракавот на Кејн ако не му биде исполнета желбата, според медиумите, е тој што и следната сезона ќе го носи дресот на Тотенхем и идното лето ќе си замине како слободен играч, а тимот нема да добие ниту евро.