Баерн Минхен со неверојатен резултат од 9-2 го победи Динамо Загреб на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите, а Хари Кејн беше стрелец дури на четири гола, од кои три беа од пенал.
„Ова е првпат да имам три пенали на еден натпревар. Тоа беше различно искуство за мене, но да се постигнат четири погодоци е фантастично. Важно е да ѝ помогнам на екипата на кој било начин, без разлика дали од пенал или игра“, рече Кејн по натпреварот.
Англискиот репрезентативец откри и што се случи со топката од натпреварот бидејќи по традиција таа завршува кај тој што ќе постигне хет-трик, но Кејн постигна дури четири гола.
„Ги задржувам сите топки по хет-трик. На момците можеби им е здодевно да ги потпишуваат. Мојот син Луис има само три години и сака да игра фудбал. Ќе ја однесам топката дома и ќе ја ставам покрај неговиот кревет“, вели Хари Кејн.