Кејн на перфектен начин ја заврши годината: На Боксинг деј на пријателите ќе им пратам слики од плажа

Најскапото засилување во историјата на Баерн Минхен и на Бундеслигата, Хари Кејн, во целост ги исплати 100-те милиони евра кои германскиот тим му ги плати на Тотенхем и на перфектен начин ја заврши годината.

Баерн со 2:1 го совлада Волфсбург во последниот меч од Бундеслигата во 2023 година, а Кејн во 43-тата минута го постигна вториот гол за својот тим.

По мечот, Кејн се огласи на социјалните мрежи објаснувајќи дека е презадоволен од досегашните настапи.

„Одличен начин да се ‘одјавите’ пред зимската пауза. Уживам во првите неколку месеци во Баерн и во Минхен. Сега ми следува одмор и потоа се враќам во новата година“, објави Кејн.

https://twitter.com/hkane/status/1737596208602857851?s=46&t=GxJVE__6HtIDqzRQ9MGgwA

 

Кејн заслужи 20-тина дена да одмора бидејќи од почетокот на сезоната постигна 25 гола за Баерн Минхен, од кои 21 даде во Бундеслигата, а четири во Лигата на шампионите. Бундеслигата ќе продолжи на 12 јануари идната година, а Баерн Минхен во првиот меч во 2024 година ќе игра против Хофенхајм.

Ова ќе биде првпат во неговата кариера да одмора за божиќните и новогодишните празници и да не биде дел од Боксинг деј лудилото во Премиер лигата. Англиските екипи мечевите од Премиер лигата ќе ги играат и на 26, 28, 31 декември, како и на први јануари.

„Не беше лесно поголем дел од првите месеци во Минхен да бидам без сопругата и децата. На Боксинг деј на пријателите и колегите ќе им пратам слики од плажа“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести