Кејн пишуваше историја, Брентфорд и по 74 години не знае за победа над Тотенхем (Видео)

Брентфорд и Тотенхем одиграа интересни 2-2 во првиот денешен празничен премиерлигашки меч.

Пчелите водеа со 2-0, беа блиску до својата прва победа над Тотенхем по пауза од 74 години, но Петлите се вратија со голови на Кејн и Хојбјерг.

Кејн стана рекордер по број на голови на Боксинг деј, сега има 10 погодоци на седумте меча кои ги играл на 26 декември. Брентфорд е 32-риот различен премиерлигаш против кој Кејн има дадено гол.

За Брентфорд заврши серијата од 10 меча по ред на кои победуваа кога водеа и на полувреме. Пчелите испуштија шанса да се изедначат со Манчестер јунајтед, а Тотенхем со победа ќе имаше еднаков број бодови како Манчестер сити.

Во финишот, гостите преку Кејн имаа шанса и за целосен пресврт, но пречката спречи победа на Тотенхем. Погледнете ја шансата:

- Оглас -

Најнови вести