3.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Кејн постави уште еден рекорд во Бундеслигата кој ќе биде тешко некој некогаш да го надмине

Со погодокот во судиското надополнување на гостувањето кај Хајденхајм, Хари Кејн стигна точно до 100 погодоци во Бундеслигата во кои директно учествувал. За Кејн тоа беше 81-ви погодок во германското првенство, а има и 19 асистенции, па заокружи точно 100 погодоци во кои директно бил креатор или реализатор.

За да стигне до бројката 100, на Кејн му беа потребни само 78 натпревари, што претставува апсолутен рекорд во Бундеслигата. Досега рекордер во оваа катерогија за најбрзо стигнување до бројката од 100 голови и асистенции беше Рој Макај. На легендарниот холандски голгетер му беа потребни дури 103 меча за да стигне до 100 погодоци и асистенции, а сега Кејн тоа го направи дури за 35 меча помалку.

Едноставно, Кејн е голгетерска машина каква што не е видена во германскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести