Кејн постигна гол и веднаш погледна кон небото (ВИДЕО)

Тотенхем води со 0:1 против Брајтон по првото полувреме во последниот денешен натпревар од 10. коло во Премиер лигата.

Голот го постигна капитенот на Тотенхем, Хари Кејн во 22 минута и тоа по асистенција на Хјонг-Мин Сон.

Кејн голот му го посвети на кондицискиот тренер на Тотенхем, Џан Пјеро Вентроне кој минатата недела ја загуби битката со леукемијата.

Ова беше осми гол за Кејн сезонава и е втор стрелец во Премиер лигата, на првото место се наоѓа Ерлинг Халанд кој досега постигна 15 гола.

- Оглас -

Најнови вести