Кејн се врати и ја затресе мрежата, Барнли го шокираше Тотенхем

Хари Кејн се врати врати на терените по повредата со која се здоби пред повеќе од еден месец, но Барнли му го расипа камбекот на капитенот на Англија. Кларетси славеа со 2-1 над фудбалерите на Покетино и испишаа нови страници во својата клупска историја. За првпат по речиси 50 години Барнли успеа да врзе осум меча без пораз во првенството.

Мрежите мируваа во првиот дел, а домаќинот го направи првиот потег во второто полувреме. Вуд беше највисок во скокот при прекин и го совлада Љорис во 58-та минута. Израмнувачкиот гол пристигна набрзо потоа, Хари Кејн во соло продор погоди за 1-1, додека конечниот резултат го постави Барнс во 83-тата минута.

Тотенхем по 27 меча останува на третото место во Премиер лигата со 60 бода, Барнли со 30 бода стои на 13-тото место.

- Оглас -

Најнови вести