Кејн сруши рекорд стар повеќе од еден век

Англија немаше милост на гостувањето кај Сан Марино и победи дури со 10:0. Ова е првпат Англија да даде 10 гола на еден меч по тој против САД во мај 1964 година.

Хари Кејн беше играчот кој блесна и со четири погодоци беше предводникот на Гордиот Албион. Не само на овој меч, туку Кејн е еден од најзаслужните што Англија одигра одлични квалификации и се пласира на завршницата на Светското првенство.

До пред мечот со Сан Марино, Кејн имаше 12 погодоци во националниот дрес во 2021 година и со тоа го имаше израмнето рекордот на Џорџ Хилдсон (1908 година) и Дикси Дејн (1927 година), кога календарските години ги завршувале со по 12 голови во дресот на Англија. Сепак, со четирите гола што синоќа ги даде Кејн, голгетерот на Тотенхем испиша нова историска страница во англискиот фудбал. Со 16 голови тој е новиот рекордер по бројот на погодоци дадени во една година во националниот дрес.

Кејн стана и само четвртиот репрезентативец на Англија што постигнал четири гола на еден меч и се приклучи на друштвото: Дејн (1927 година), Вивијан Вудворд (1909 година) и Томи Тејлор (1957 година).

 

- Оглас -

Најнови вести