Одлуката на ФА да го именува Томас Тухел за селектор на Англија беше дочекана со негодување од страна на британската јавност, која не сака Германец на таа функција, но порака на поддршка до новиот селектор испрати капитенот Хари Кејн.
Напаѓачот на Баерн Минхен соработуваше минатата година со Тухел во Минхен и многу добро ги познава неговите методи на работа. Нивната соработка во Баерн не донесе очекувани трофеи за тимот, но Кејн имаше импресивна сезона на индивидуално ниво.
„Со нетрпение очекувам повторно да соработуваме“, порача Кејн.
„Го познавам добро од минатата година. Фантастичен тренер, феноменална личност“.
Томас Тухел вчера официјално беше назначен за селектор на Англија, а договорот има важност до крајот на Светското првенство 2026 година.