Кек: Бидете без гајле, Македонија нема да биде само обичен учесник на ЕП

Македонија нема да биде само обичен учесник на Европското првенство и ќе има што да презентира и против Австрија и со Украина и Холандија во Ц групата, вели селекторот на Словенија, Матијаж Кек.

„Не само што селекцијата на Македонија ми е симпатична, туку има и квалитет да се натпреварува на ЕП. Покажаа и вечерва, а секако и претходно, најмногу со победата против Германија. Бидете без гајле, Горан Пандев и соиграчите нема да разочараат на турнирот.

Вечерва одигравме две различни полувремиња, но задоволни сме со исходот на натпреварот. И посакувам на Македонија успех на Европското првенство. Видливо беше по реакцијата на играчите дека е крај на сезоната“, изјави Кек.

Словенија вечерва ѝ беше ривал на Македонија во Скопје, во првиот контролен натпревар за нашата репрезентација пред настапот на ЕП. Словенците се спасија од пораз со голот на Домен Чрнигој во 97-мата минута, откако Елиф Елмас ни донесе предност од 1:0 по прекрасната акција со Езџан Алиоски во 55-тата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести