Селекторот на Словенија, Матјаж Кек, служеше ручек за 21 новинар од земјата кои отпатуваа во Германија да го следат тимот, исполнувајќи го ветувањето кое го даде пред почетокот на ЕВРО 2024.
Кек пред почетокот на турнирот се обложил со новинарите и вети дека ќе им сервира ручек доколку Словенија се пласира во осминафиналето. Така и се случи.
Во градината на репрезентативниот хотел Матјаж Кек вешто донесе неколку порции тестенини со пилешко и зеленчук.
„Менито? Потполно е исто како и тоа што го јадат играчите. Немојте да мислите дека е нешто посебно. Само услугата е посебна, облог си е облог. Драго ми е што го загубив облогот, но нема да се обложувам понатаму“, рече низ шега селекторот на Словенија.
Словенија во понеделник од 20 часот ќе игра против Португалија, во осминафиналето што ќе се игра во Франкфурт.
Претходно, во групата остварија три ремија против Данска (1-1), Србија (1-1) и против Англија (0-0), што им беше доволно за да поминат понатаму.
(VEČER NA EURU) Matjaž Kek držal besedo: Nočem biti kopija, hočem, da gremo svojo pot. O čem je tekla beseda v Wuppertalu? Pišem za @vecer. https://t.co/Pgsfx9zvPl
— Marko Kovačevič (@MarKovacevic86) June 27, 2024