Австралија славеше над ОАЕ и сега е само на еден чекор од СП во Катар

Репрезентацијата на Австралија со 2:1 ја победи селекцијата на Обединетите Арапски Емирати и се пласира во финалето од плејофот за пласман на Светското првенство во Катар. Популарните Кенгури за следен противник ќе го имаат Перу, а подобриот од овој меч ќе игра на завршницата на планетарниот собир.

Австралија ја имаше улогата на фаворит, но се намачи за да стигне до целта. По првите 45 минути немаше голови, а на почетокот на второто полувреме Кенгурите поведоа со погодокот на Ирвин. Обединетите Арапски Емирати израмнија преку Канедо во 57-мата минута, но не издржаа до крајот.

Во 84-тата минута, Ајдин Хрустиќ, играчот на Ајнтрахт Франкфурт, постигна гол за 2:1, кој на крајот се покажа како доволен за Австралија да ги задржи шансите да биде дел од Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести