Роналдо постигна мајсторски гол откако голманот несмасно ја исфрли топката (Видео)

Фудбалерите на Ал Наср имаат водство од 2:0 против Ал Калеј по првото полувреме, во полуфиналето од Купот на Саудиска Арабија. Кристијано Роналдо се најде во центарот на вниманието благодарение на погодокот што го постигна за водство од 1:0 во 17 минута.

Голманот на противниците, репрезентативецот на БиХ, Ибрахим Шахиќ киксираше кога несмасно исфрли една топка, а го остави голот незаштитен. Тоа веднаш го искористи Роналдо кој инстиктивно реагираше и на фантастичен начин шутираше и постигна гол.

До крајот на првиот дел, Садио Мане зголеми на 2:0 со погодок од пенал.

 

 

- Оглас -

Најнови вести