Кепа е херојот на Челзи! Ќе гледаме лондонско финале во Лигата на Европа (видео)

Драмата на „Стемфорд бриџ“ заврши во корист на Челзи по изведувањето на пенали против Ајнтрахт Франкфурт. Сините закажаа лондонско финале против Арсенал, а со тешки маки се изборија да се борат за трофејот во Лигата на Европа за првпат по шест години. Победникот не можеше да се одлучи во регуларниот дел откако резултатот гласеше исто како и во првата пресметка, 1-1.

Челзи дојде до предност со погодокот на Лофтус-Чик во 28-мата минута, додека гостите од Франкфурт со 10-тиот овосезонски гол на Јовиќ изнудија да се игра продолженија во Лондон.

Откако средбата не можеше да се одлучи по регуларните 90 минути, ниту во 30 минути, јасно беше дека победникот ќе се одлучува со изведување пенали. Ајнтрахт имаше огромна шанса да ја реши средбата во 100-тата минута, но Давид Луиз одлично интеревенираше и спаси чист гол на гостите.

Први шутираа гостите, а во низа погодија Халер, Јовиќ и Де Гузман. Капитенот Аспиликуета утна во втората серија, но двете фантастични интервенции на Кепа го оставија Ајнтрахт на три реализации, додека Жоржињо, Давид Луиз и на крајот Азар беа без грешка.

https://streamable.com/xsxub

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести