Давид Луиз спаси чист гол, и натаму е 1-1 (видео)

Остануваат уште 15 минути од продолжението во полуфиналниот меч меѓу Челзи и Ајнтрахт Франкфурт, каде што резултатот е 1-1. Промени нема во резултатот благодарение на Давид Луиз, кој спречи огромна шанса на гостите во 100-тата минута.

Халер упати нефудбалски удар кон подалечната, но Бразилецот стигна на време и интервенираше пред гол-линијата и буквално ги одржа во живот шансите на својот тим.  Ситуацијата можете да ја видите на следниот ЛИНК.

Доколку остане 1-1 и по крајот на преостанатите 15 минути од продолжението, ќе се изведуваат пенали, по кои ќе се добие противникот на Арсенал во финалето.

 

- Оглас -

Најнови вести