Кевин Дурант е сламката за спас за која се фаќаат Воините

Торонто репторс – Голден стејт вориорс (03.00 часот)

Во Торонто сè е подготвено за прослава на првата титула во клупската историја на Репторс и историска прва титула за канадски клуб во НБА. Но, пред „рептилите“ е тежок меч против актуелниот првак кој е притиснат до ѕид и не смее да загуби уште еднаш, па сигурно ќе го даде својот максимум.

Притисокот е голем врз двата тима, но разликата од првите четири меча во серијата и овој е тоа што сега кај Вориорс ќе се појави Кевин Дурант. Прашање е колку може тој да помогне, но секако е плус за гостите. Дурант на претходниот меч против Торонто даде дури 51 поен, и тоа е доволен доказ каков играч добиваат Воините во овој пресуден дуел.

Предлог тип: > 214.5 (1.90)

 

Кавај Ленард (Торонто репторс – Голден стејт 03.00 часот)

Торонто во оваа серија се потпира на искуството на нивниот најдобар играч, крилото Кавај Ленард. Тој само на првиот меч даде помалку од 30 поени, секогаш презема одговорност кога е потребно и затоа мислиме дека повторно може да оди над 32 поени, иако тоа нема да гарантира триумф и титула за Репторс.

Предлог тип: > 31.5 (1.90)

 

Дени Грин (Торонто репторс – Голден стејт 03.00 часот)

Опасниот шутер треба да биде еден од оние „икс фактори“ ако Торонто сака да оствари победа. Крилото е непредвидливо, досега во оваа серија даваше од 3 до 18 поени. Наш предлог е да играте дека нема да постигне 9 или повеќе поени.

Предлог тип: < 8.5 (1.85)

 

Дрејмонд Грин (Торонто репторс – Голден стејт 03.00 часот)

На Голден стејт му треба поголем придонес од Дрејмонд Грин, играч кој често знаел да одигра на врвно ниво кога е најпотребно. Овојпат границата за збирот од поени, скокови и асистенции е 31,5 и мислиме дека тој има капацитет да оствари таков учинок и да му помогне на својот тим.

Предлог тип: Тотал > 31.5 (1.87)

 

Стеф Кари (Торонто репторс – Голден стејт 03.00 часот)

Кари е лидерот на Вориорс, но каков ќе биде неговиот придонес, може да зависи и од тоа колку ќе може да помогне Дурант. Ако Дурант биде расположен, тешко дека Кари „ќе дивее“ и ќе шутира толку многу како на претходните средби. Но, нема сомнеж дека тој ќе сака да го даде својот стандарден придонес во нападот.

Предлог тип: > 31.5 (1.85)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести