Кевин Дурант ги заработи најлесните милион долари!

Кевин Дурант сезонава не одигра ниту една минута, но тоа не значи дека не заработи добро. Како дел од ланското финале, Дурант во дресот на Голден Стејт вориорс заработи повреда по која беше јасно дека ќе ја пропушти цела следна сезона.

Иако се знаеше дека ќе биде повреден, Дурант потпиша за Бруклин нетс и тоа како слободен играч. За четири години тој се договори да заработи 164 милиони долари. Во сезонава во која Дурант паузира, имапе сигурни 37,1 милиони долари, а од синоќа е побогат за уште еден милион.

Според договорот кој го имаше, Дурант треба да добие еден милион длари затоа што неговиот тим успеа да се пласира во плејофот. Бруклин го обезбеди седмото место на Истокот и во првото коло од доигрувањето најверојатно ќе игра против Торонто.

 

- Оглас -

Најнови вести