Баерн Минхен и Монако се изборија за мајсторки во четвртфиналните серии од Евролигата, откако вечерва го одбранија домашниот терен.
Баварците ја совладаа Барселона со 59-52, и петтиот меч во Каталонија ќе решава за патникот на фајнал-форот во Белград, а Монако славеше минимално против Олимпијакос со 78-77 за 2-2 во победи.
На трибините во салата во Монте Карло беше НБА ѕвездата Кевин Дурант. Тој дојде да го гледа неговиот пријател Мајк Џејмс, и беше задоволен од виденото.
https://twitter.com/i/status/1520134067018256385