Четирикратниот олимписки шампион и двократен шампион во НБА, Кевин Дурант, официјално се пресели од Феникс санс во Хјустон рокетс.
Крилото го направи трансферот како резултат на размена помеѓу дури 7 тима, што е најголема трампа во историјата на НБА лигата. Во оваа размена учествуваа Хјустон, Атланта, Бруклин, Голден Стејт, Лос Анџелес Лејкерс, Минесота и Финикс, а Дурант е најзвучното име кое беше дел од беа.
Минатата сезона, 36-годишниот Дурант одигра 62 натпревари, со просек од 26,6 поени, 4,2 асистенции и 6,1 скока.
„Моето време во Феникс заврши“, напиша Дурант на социјалните мрежи.
„Сите овие попатни станици на моето патување влијаеа врз мене на позитивен начин. Тоа е свет зад сцената, а оние кои ги прават работите да функционираат во тој простор, работат неуморно за да ни го олеснат животот како играчи. Навистина верувам дека оваа НБА е една голема заедница. Многу љубов за Аризона. Хјустон, едвај чекам!“, порача крилото.
За 15-кратниот ол-стар, Дурант кој ќе наполни 37 години оваа есен, Хјустон ќе биде петти тим за кој играл во лигата.
Во Хјустон доаѓа и швајцарскиот центар Клинт Капела кој дојде од Атланта, а НБА кариерата ја почна во Рокетс, па се враќа „дома“. Феникс остана без еден пд најдобрите поентери во историјата на НБА, а доби шест нови играчи меѓу кои и Дилон Брукс и Џејлен Грин.