18.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Кевин Дурант потпиша продолжување на договорот и стана кошаркар со најголема заработка во историјата

Кевин Дурант потпиша продолжување на договорот со Хјустон рокитс до 2028 година и со тоа влезе во историјата на НБА-лига како кошаркар кој заработил најмногу пари.

Триесет и седумгодишниот кошаркар ќе заработува по 90 милиони долари годишно, иако имаше право на плата од 122 милиони долари, но Дурант се откажа од тие 30-тина милиони долари во корист на клубот, со цел да се направи што е можно поконкурентна екипа.

Со тоа вкупната заработка на Дурант порасна на 598,2 милиони долари, со што го мина Леброн Џејмс, кој има заработено 583,9 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести