27.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Кевин Дурант прогнозираше кои два тима ќе играат во НБА финалето

Лос Анџелес клиперс против Милвоки бакс ќе играат во големото финале на НБА лигата оваа сезона. Вакво е предвидувањето на ѕвездата на Бруклин, Кевин Дурант. Бруклин е тим кој се бори за влез во плејофот и моментно е на седмото место на Истокот. Сепак, самиот Дурант знае дека неговиот тим нема шанси за титула.

„Мразам да правам прогнози, ама веќе ако морам да изберам, мојата прогноза е дека во финалето ќе играат Клиперс против Бакс. Мислам дека на крајот Клиперс ќе победат, затоа што покажаа дека имаат квалитетен тим со голем потенцијал и талент. Ги имаат Каваи и Пол Џорџ на крилните позиции, а токму тоа е многу важно за победа. Тоа се меѓу најдобрите играчи на нивните позиции. Сепак, никогаш не можете да бидете сигурни што ќе се случи, а тоа се покажа и минатата сезона“, вели Дурант.

Милвоки има низа од четири порази во последните пет меча, но и покрај тоа е ибедлив лидер на Истокот, додека Клиперс се бори да ја задржи втората позиција на Западот.

 

- Оглас -

Најнови вести