КФМ ги прогласи најдобрите за 2023: Војдан Стојановски е кошаркар на годината 

Кошаркарската федерација на Македонија вечерва на посебна свеченост ги прогласи најдобрите во макбаскетот за 2023 година.

За најдобар кошаркар е прогласен Војдан Стојановски, кој го предводеше МЗТ Скопје до нова двојна круна. За кошаркарка на годината е прогласена Елена Тасевска, која со Баскет Кам ја освои шампионската титула.
Најдобар македонски кошаркар во странство за 2023 година е Ненад Димитријевиќ, кој со Уникс ја освои титулата во ВТБ-лигата и беше прогласен за МВП на финалната серија.
Емил Рајковиќ, кој седи на клупата на рускиот гигант ЦСКА Москва, е најдобар македонски тренер во странство, додека Марјан Илиевски го доби признанието за најдобар тренер на машка екипа.

Анџелика Митрашиновиќ е најдобра македонска кошаркарка која игра во странство.
МЗТ Скопје е тим на годината во машка конкуренција, додека кај дамите тоа е Баскет Кам 2011.

КФМ постхумно додели посебно признание за Јанко Луковски, за неговите исклучителни достигнувања во кошаркарскиот спорт.

Најдобар кошаркар – Војдан Стојановски
Најдобра кошаркарка – Елена Тасевска
Најдобар млад кошаркар – Никола Јаничиќ
Најдобра млада кошаркарка – Ања Начевска
Најдобра машка екипа (сениори) – МЗТ Скопје Аеродром
Најдобра женска екипа (сениорки) – Баскет Кам 2011
Најдобра машка екипа (младински лиги) – Работнички
Најдобра женска екипа (младински лиги) – Баскет Кам 2011
Најдобар тренер на машка екипа (сениори) – Марјан Илиевски
Најдобар тренер на женска екипа (сениорки) – Златко Гоцевски
Најдобар тренер на машка екипа (младински лиги) – Нермин Пепиќ
Најдобар тренер на женска екипа (младински лиги) – Јордан Цветановски
Најдобар играч во 3×3 – Ервин Цого
Најдобра екипа во 3×3 – Кино Влае
Најдобар кошаркарски судија – Игор Митровски
Најдобар македонски тренер во странство – Емил Рајковиќ
Најдобар македонски кошаркар во странство – Ненад Димитријевиќ
Најдобра македонска кошаркарка во странство – Анџелика Митрашиновиќ
Најдобра младинска репрезентативна селекција – Машка селекција под 20 години

- Оглас -

Најнови вести