Италијанецот со бразилско потекло, Жоржињо, на синоќешниот меч од Суперкупот на УЕФА против Ливерпул носеше дрес со „мала“ ротација на буквите на грбот. Фудбалерот чие презиме правилно се спелува Jorginho, не забележа дека на грбот му пишува Jorghino, или пак знаеше дека има грешка во печатењето, но можеби не можеше ништо да смени.
По социјалните мрежи се коментира дека клуб како Челзи не смеел да си дозволи ваква грешка. Жоржињо, кој има 27 години, вчера даде гол од пенал и во текот на средбата и во пенал-серијата на крај, но неговиот тим загуби.