Јувентус направи кикс во 22-то коло во Серија А играјќи пред своите гледачи само 1:1 против Емполи.
По ремито, Јувентус остана лидер на табелата со 53 бода, два повеќе од Интер кој има и два меча помалку.
Дополнителен хендикеп за Старата дама е тоа што од 18-та минута играше со 10 фудбалери по исклучувањето на Аркадиуш Милик.
Резулатот беше отворен на стартот од второто полувреме, во 50-та минута Душан Влаховиќ го постигна шестиот гол месецов. Подобар учинок од Влаховиќ во јануари имал само Кристијано Роналдо кој постигнал еден гол повеќе.
Гостите до крајот на мечот усеаја да ја искористат предноста од играч повеќе и во 70-та минута преку Балданци постигнаа гол за 1:1.