Килијан Мбапе ги загрижи француските навивачи: „Ова е хорор, но немам друг избор“

Најдобриот француски фудбалер, Килијан Мбапе, уште на првиот натпревар на Европското првенство заработи скршеница на носот и сега мора да игра со маска на лицето. Тој пред натпреварот против Белгија од осминафиналето зборуваше за овој проблем и маките кои му ги задава маската, што предизвика загриженост кај навивачите на Франција.

„Не мислев дека ќе биде вака, но играњето со маска е ужасно, вистински хорор. Сменив неколку маски, но во сите нешто ми пречеше. Навистина е тешко. Го ограничува видот, а потта нема каде да оди, па постојано мора да ја вадите. Таков ќе биде овој турнир за мене, немам избор. Само ова е начинот на којшто можам да играм, навистина е лошо, но морам да ѝ се заблагодарам на маската за тоа што можам да играм“, вели Мбапе.

Франција е еден од главните кандидати за титулата на Европското првенство, а нокаут-фазата ја започнува денес, со дуел против Белгија.

- Оглас -

Најнови вести