Џошуа Кимих летово и дефинитивно ќе го напушти Баерн Минхен. Половина Европа буквално се тепаше за неговиот потпис, но фудбалерот сака да потпише само за еден клуб, и тоа за Манчестер сити.
Иако шпекулациите велеа дека тој ќе се пресели во Шпанија, во еден од вечните ривали Барселона или Реал Мадрид, сепак негова следна дестинација ќе биде Премиер лигата.
Манчестер сити уште зимата сакаше да го доведе во своите редови, но понудените 30 милиони евра беа далеку од посакуваните 60 милиони кои ги бараше Баерн Минехн. Сепак, договорот на десниот бек завршува за една година, па веројатно сумата летово ќе биде помала, веројатно околу 50 милиони евра, колку што е и проценетата вредноста на фудбалерот.