Џошуа Кимих е оптимист и верува дека Баерн ќе биде полуфиналист во Лигата на шампионите, иако вечерва од 21 часот на „Паркот на принцовите“ ќе тргне во реваншот со ПСЖ со негатива од 2:3.
„Не се сеќавам на ниту една шанса на ривалот освен головите. Имаа три шанси и сите ги искористија, што не може да се повтори. Ние игравме и промашувавме, а тие погодуваа сè што направија како шанса пред нашиот гол.
Баерн е подобра екипа и верувам дека ќе останеме во битка за одбрана на европскиот пехар. Имаме победнички менталитет, само треба да ги претвораме шансите во голови“, изјави Кимих.
Баерн упати дури 31 удар кон и надвор од рамките на голот на извонредниот Кејлор Навас, кој го израмни рекордот во четвртфиналињата со 10 одбрани.