Фудбалерот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, после 36 дена неиграње за клубот, објави дека ќе се вакцинира против Ковид-19, и сега дури и жали што тоа не го направил порано.
Германскиот репрезентативец беше скептик околу вакцините против КОВИД-19, а минатиот месец се разболе од коронавирус, и поради проблеми со белите дробови, нема да игра до јануари.
„Тешко ми беше да се справам со стравот и опасностите од последиците од вакцините, и затоа толку долго одложував. Жалам што не се вакцинирав порано, ќе го сторам тоа при првата можност“ – вели Кимих.