Кинезите пак напаѓаат – Заха доби понуда од 50 милиони евра

Кинескиот прволигаш Далијан Јифанг испрати понуда во Лондон на адреса на Кристал палас за најдобриот напаѓач на тимот Вилфрид Заха вредна 50 милиони евра, и тоа нето.

Заха треба да потпише четиригодишен договор, а секоја сезона мината во Далијан, ако ја прифати понудата, ќе инкасира по 12,5 милиони евра.

Сумата е одлична и е трипати поголема од годишната плата што ја има репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска во Кристал палас.

Заха неколку сезони е најдобриот напаѓач на Кристал палас, а има 26 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести