Кинг Пауер му даде сила на Њукасл

Ајозе Перез е херојот на Њукасл, екипа која успеа да освои златни бодови со победа од 1:0 на гостувањето кај Лестер.

Напаѓачот на гостите погоди во 32. минута и со тој гол Њукасл ги освои можеби и најзначајните бодови во сезоната. Лестер се обиде да израмни, но не успеа да ја погоди мрежата на Дубравка и ја прекина серијата од 4 победи по ред.

Црно-белите од Њукасл со овој триумф и ставија крај на низата од три меча без победа и сега со 38 бодови се во позитива со 10 бода пред Кардиф, екипа која е најзагрозена заедно со веќе отпишаните Хадерсфилд и Фулам.

Лестер остана на седмата позиција со 47 бодови, колку што има и Вулверхемптон, но лисиците имаат два меча повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести