Кингсли Коман се враќа во ПСЖ?

Кингсли Коман, крилниот напаѓач на Баерн Минхен, покажува интерес за враќање во Пари Сен Жермен, открива „Скај спорт Германија“. Францускиот репрезентативец го преферира ПСЖ пред можноста да се приклучи на Барселона и на Манчестер сити, кои исто така бараат нов крилен напаѓач.

Барселона не успеа да го ангажира Нико Вилијамс, а Манчестер сити остана без Хулијан Алварес, кој се пресели во Атлетико Мадрид.

По доаѓањето на Мајкл Олисе од Кристал палас, позицијата на Коман во Баерн Минхен може да стане несигурна, што ја зголемува неговата желба да се врати во Париз, каде што ја започна својата кариера.

Доколку му се приклучи на ПСЖ, Коман би можело да создаде моќен тандем заедно со Осман Дембеле, неговиот соиграч од француската репрезентација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести