Кингсли Коман заминува од „Алијанц арена“

Крилниот играч на Баерн Минхен, Кингсли Коман, изразил желба да го напушти клубот ова лето, пренесуваат германските медиуми. Францускиот репрезентативец, кој има 28 години, се наоѓа на радарот на клубови од Саудиска Арабија и од Премиер лигата.

Се очекува претставници од арапските клубови наскоро да допатуваат во Минхен за да преговараат директно со раководството на Баерн и со самиот играч.

Арсенал е еден од најсериозните кандидати за ангажман на Кингсли Коман. Лондонскиот клуб првично беше заинтересиран за Лирој Сане, но Германецот е блиску до потпишување нов договор со Баерн Минхен и сака да остане на „Алијанц арена“. Поради тоа, Топчиите ја пренасочиле својата цел кон Коман.

Интерес за францускиот фудбалер покажал и Тотенхем, но високата плата на Коман претставува пречка за да се започнат конкретни преговори.

- Оглас -

Најнови вести