Актуелната олимписка шампионка, кинеската тенисерка Кинвен Женг, ќе ја предизвика Коко Гоф во финалето на завршниот ВТА турнир што се игра во Ријад.
Женг во полуфиналето ја совлада победничката на годинашниот Вимблдон, чешката тенисерка Барбора Крејчикова, со 6-3, 7-5.
Американката Коко Гоф ја совлада првата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, со 2-0 во сетови (7-6, 6-3) и ќе игра во финалето.