Аполон и Олимпијакос одиграа 1-1 во соседскиот дуел за пласман во Лигата на Европа. Кипарскиот тим даде гол во судиското продолжение, но беше поништен, па патникот во групите на ЛЕ ќе се одлучува во Пиреа.
Малме со 3-1 беше подобар од Сивасспор. Македонскиот репрезентативец Ердал Ракип играше 70 минути за Малме.
Другиот шведски тим кој играше вечерва, АИК Стокхолм, изгледа ќе биде елиминиран од конференциската лига. АИК, кој во минатото коло ја елиминира Шкендија, вечерва загуби со 0-3 на гостувањето кај чешкиот тим Словачко.
Пјуник дома одигра 0-0 против Шериф Тираспол во квалификациите за ЛЕ. Марјан Радески, кој е член на ерменскиот тим, играше во последните 30 минути.